
ЛЕТЕН КАМП НА ОПЕРАТИВНИ СИЛИ – САРАЈ 2026
Во периодот од 05 до 07 јуни 2026 година, петмина волонтери од Тимот за одговор при катастрофи при Општинска организација на Црвен крст Куманово учествуваа на „Летниот камп на оперативните сили на Црвен крст – Сарај 2026“.
За време на кампот, волонтерите беа вклучени во повеќе едукативни работилници, предавања и практични вежби, насочени кон јакнење на капацитетите за одговор при катастрофи и вонредни состојби. Преку тимска работа и размена на искуства, учесниците имаа можност да ги надградат своите знаења и вештини за постапување во различни кризни ситуации.
Тимот на Црвен крст Куманово активно учествуваше во сите активности, покажувајќи посветеност, одговорност и подготвеност за дејствување на терен.
Упатуваме благодарност до организаторите за успешната реализација на кампот и можноста за стекнување нови знаења и искуства кои ќе придонесат за понатамошно унапредување на подготвеноста на нашите волонтери.![]()






< врати се назад











































