УСЛУГИ
УСЛУГА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА
УСЛУГА- ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ
Зголемениот број жители над 65-годишна возраст во Општина Куманово, како и нивната недоволна вклученост во општествените процеси, ја нагласуваат потребата од воспоставување и континуирано унапредување на социјални услуги кои ќе обезбедат долгорочна грижа, заштита и поддршка.
Овие услуги имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот и да овозможат поголема социјална вклученост на старите лица во заедницата, а истата во Куманово започна се спроведува од март 2024 година. Целта на услугата е зајакнување на функционалната способност на корисниците и овозможување тие да продолжат да живеат во сопствениот дом, водејќи што е можно понезависен и поквалитетен живот.
Услугата се реализира преку лиценцирани негуватели, кои обезбедуваат професионална, квалитетна и континуирана грижа согласно индивидуалните потреби и проценката на секој корисник. Преку индивидуален пристап и континуирана поддршка, услугата не само што ги задоволува основните животни потреби, туку значително придонесува и кон подобрување на менталното и емоционалното здравје на корисниците, охрабрувајќи ги да останат активни учесници во секојдневниот живот и во заедницата.
Во рамките на Општинска организација Куманово при Црвен крст на Република Северна Македонија ангажирани се вкупно 20 стручно обучени и лиценцирани негуватели кои активно ја испорачуваа услугата за 45 корисници. Реализацијата на услугата се одвива под координација на координатор на услугата, во соработка со социјален работник вработен во ЈУМ Центар за социјална работа Куманово, со што се обезбедува стручна поддршка, надзор и квалитет во спроведувањето на активностите.
Ваквиот организиран и професионален пристап овозможува навремено препознавање на потребите на корисниците, индивидуално планирање на услугата и обезбедување континуирана грижа во насока на унапредување на нивниот квалитет на живот.











































