За нас

Младите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово претставуваат двигател на бројни хуманитарни, едукативни и превентивни активности во заедницата.

Преку својата несебична посветеност, ентузијазам и желба за помагање, тие секојдневно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, особено на ранливите категории на население. Волонтерите активно се вклучени во обуки за прва помош, промоција на хумани вредности, крводарителски акции, едукативни работилници, активности за намалување на ризици од катастрофи и бројни младински проекти.

Членувањето во Клубот на млади на Црвен крст Куманово претставува можност за личен развој, стекнување нови знаења и вештини, создавање пријателства и активно учество во креирањето позитивни промени во заедницата.

Преку волонтерството, младите добиваат шанса да ја покажат својата хуманост, да стекнат драгоцено искуство и да бидат дел од едно големо семејство кое ги негува вредностите на солидарноста, хуманоста и меѓусебната поддршка. Клубот на млади ги охрабрува сите заинтересирани млади луѓе да се приклучат и заедно да бидат промена што ќе остави траен позитивен белег во општеството.

< врати се назад