СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово е организиран на:
- Општинско ниво
- Основно ниво
Раководна структура на Црвениот крст на РМ:
- Собрание
- Претседател
- Потпретседател
- Раководен одбор
- Финансиска комисија
Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово е Собранието кое брои вкупно 23 члена.
Собранието е составено од:
- Избрани членови предложени од основни организации на Црвениот крст.
- Избрани членови предложени од Клуб на млади.
- Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
- Раководниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово е орган на Собранието кој раководи со општинската организација помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членовите на Раководниот одбор е 9 .
- Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
- Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово , со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
- Раководниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.
Постојани советодавни тела се:
- Комисија за развој и организационо-кадровски прашања;
- Комисија за дисеминација.
- Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство.
- Комисија за социјално-хуманитарна дејност.
- Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи.
- Комисија за службата за барање.
- Комисија за информирање и комуникации.
- Комисија за маркетинг.
- Комисија за статут и нормативни акти.
- За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
- Со Стручната служба раководи Секретар.
- Членовите на Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово опфатени во подмладокот и младината се организираат во: Клуб на млади на Црвениот крст на РСМ-Општинска Организација Куманово .











































