Тим за одговор при катастрофи при ООЦК Куманово
Примарната мисија на Тимот за одговор при катастрофи (ТОК) е обезбедување помош и услуги за ранливото население погодено од катастрофи и елементарни непогоди, постапувајќи согласно принципите на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Законот за Црвен крст на Република Северна Македонија, како и врз основа на воспоставената соработка и договори со Центарот за управување со кризи на РСМ, Дирекцијата за заштита и спасување и Локалната самоуправа.
Тимот за одговор при катастрофи е составен од 20 обучени волонтери и претставува специјализирана форма на организирано делување на Црвен крст Куманово во ситуации на елементарни непогоди, пожари, поплави и други вонредни состојби.
ТОК активно учествува во дистрибуција на прехранбени пакети и средства за одржување лична и домаќинска хигиена на социјално загрозени семејства во тешко достапни рурални средини, како и на семејства во социјален ризик на територијата на Општина Куманово. Активностите беа реализирани координирано, со цел навремено и ефикасно обезбедување на хуманитарна поддршка. Посебно значајна е воспоставената одлична соработка со Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Куманово, со кое Црвен крст Куманово делува координирано на терен.
Во услови на појава на пожари, ТОК обезбедува логистичка поддршка при локализирање и справување со последиците, со што се зајакнува заедничкиот одговор на локално ниво. Членовите на тимот континуирано посетуваат обуки, тренинзи и дооспособувања со цел унапредување на нивните знаења и вештини за интервенција во кризни ситуации, што овозможува професионален, навремен и организиран одговор при секоја интервенција.
Преку координирано делување, партнерска соработка и континуирано вложување во човечки капацитети, ТОК претставува значаен столб во системот на подготвеност и одговор при катастрофи на локално











































