Стани Член

Член на Црвен крст е лице кое формално ги прифатило условите за членување на согласно одредбите на Статутот или правилата на Националното друштво и има право да биде биран или да бира претставници во раководните тела.

Членувањето во Црвениот крст на РМ е доброволно и отворено за сите. Член може да биде секој граѓанин кој го прифаќа статутот и доброволно потпишува пристапница , и кој на доброволна основа прифаќа еднократно и еднаш годишно со симболична сума да ги поддржува активностите на Црвен крст преку плаќање на годишна членарина. Членовите на Црвен крст можат да бидат истовремено и активни волонтери и реализатори на хуманитарните активности. Разликата е во тоа што тие имаат право на глас да бираат и да бидат избрани во Извршните одбори на организациите на Црвен крст, како и активно да учествуваат во креирање на работата на Националното друштво.

Членови на Црвениот крст можат да бидат: активни членови, членови – претплатници, почесни членови и членови патрони. Активни членови се лицата кои активно се вклучени во работата на Црвениот крст и плаќаат годишна членарина. Членовите -претплатници се членови кои плаќаат годишна членарина. Почесни членови се лица од јавниот живот во Република Македонија и странство, кои со својата доброволна работа, особено со своите заслуги и донации имаат посебен придонес во развојот на Црвениот крст, а за почесни членови се прогласени од Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ. Член -патрон е јавна личност назначена од Извршниот одбор, кој постојано го помага националното друштво.

Како да станеш член на Црвениот Крст на Република Македонија

< врати се назад