јуни 11, 2024

Дружење со основно училиште и ресурсен центар ,,Иднина“- Скопје

Волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 07.06.2024 (петок), земаа учество и придонес како логистичка поддршка на настанот ,,Природата – нашата омилена училница‘‘ на основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје, а инициран од Лични и образовни асистенти од сите основни училишта во Општина Куманово.

На настанот имаше изведба од креативни работилници и спортски активности, каде нашите волонтери обучени по прва помош помагаа на учесниците во активностите.

< врати се назад