април 30, 2025

Одржан 34-тиот Општински натпревар по прва помош на ООЦК Куманово

На 30 април 2025 година, во градскиот парк во Куманово, Општинската организација на Црвен крст Куманово го одржа 34-от Општински натпревар на екипите по прва помош во категорија младина и подмладок. ❤️

На настанот присустуваа: професори, наставници-ментори и ученици од основните и средните училишта, лекари и демонстратори по прва помош, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.

На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош од претходно одржани обуки ги покажаа екипи составени од ученици од 8 основни и 5 средни училишта на територијата на општина Куманово.

Првите три места во категорија ПОДМЛАДОК ги освоија екипите од училиштата:

🥇ООУ „Крсте Мисирков“

🥈ООУ ,,Христијан Карпош“

🥉ООУ „11ти Октомври“.

Во категоријата МЛАДИНА:

🥇ОСТУ ,,Наце Буѓони” и ДСУ-РЦСОО,,Киро Бурназ”

🥈Гимназија „Гоце Делчев“

🥉СОУ ,,Перо Наков”.

Во дел на дисеминација трите места ги освоија учениците од:

ООУ ,,Бајрам Шабани”

ООУ ,,Крсте Мисирков”

ОСТУ ,, Наце Буѓони” (албанска паралелка)

Честитки до сите учесници и голема благодарност до сите средни и основни училишта за нивното учество.

< врати се назад