
Вонредна летна крводарителска акција во Куманово
Денес, 18.08.2026, во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Дом на културата во Куманово, од 10:00 до 15:00 часот, се одржа вонредна летна крводарителска акција. ![]()
![]()
Акцијата беше организирана во соработка со Црвениот крст на Општинската организација Куманово
и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, со цел да се обезбедат доволни резерви на крв во периодот кога потребите се зголемени. ![]()
![]()
На повикот за хуманост и солидарност се одзваа 41 граѓани кои со своето доброволно дарување крв дадоа свој придонес во обезбедувањето на неопходните крвни единици и помошта на оние на кои им е најпотребна. ![]()
![]()
Голема благодарност до сите крводарители кои денес ја покажаа својата хуманост, солидарност и општествена одговорност. Вашиот благороден чин може да спаси човечки живот. ![]()
![]()

























































