
ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Денешниот ден беше одбележан со хуманост на дело!
Поради забележаното намалување на резервите на крвни единици и зголемената потреба од брзо пополнување на залихите за сите крвни групи, денеска во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“- Дом на култура во Куманово успешно се одржа вонредна крводарителска акција.
Настанот беше организиран во заедничка соработка помеѓу Црвен крст – Општинска организација Куманово , Институтот за трансфузиона медицина како и членовите на Риболовното здружение Мак Дам..![]()
На оваа благородна и исклучително важна иницијатива хуманоста ја покажаа и подадоа рака вкупно 33 лица кои несебично ја даруваа својата драгоцена течност за спасување човечки животи.
Голема благодарност до сите хумани граѓани кои зедоа учество и уште еднаш потврдија дека со заедница и солидарност сите предизвици се премостуваат! ![]()






< врати се назад











































