јуни 11, 2020

Вонредна крводарителска акција

Почитувани сегашни и идни крводарители,

Ве повикуваме заеднички во овие тешки моменти соочени со мали резерви на крв, низ највисокиот чин на хуманоста да ги зајакнеме резервите на крвни едници.
Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв.

Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 11.06.2020 (четврток) во Трансфузиологија Куманово од 9-14 часот.

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот.

< врати се назад