октомври 11, 2023

Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на традиционална Меѓународна велосипедска трка „Трофеј 11-ти Октомври“

На ден 11.10.2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово со својот тим по прва помош зема учество и го обезбедуваше настанот – традиционална Меѓународна велосипедска трка „Трофеј 11-ти Октомври“ организирана од страна на велосипедски клуб „Вело М”, Општински сојуз на спортови и Велосипедска федерација на Македонија, а поддржан од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Оваа трка традиционално се одржува секоја година по повод празникот 11-ти Октомври и на истата учество земаа 60 учесници од Македонија, Србија и Бугарија, а нашиот тим по прва помош асистираше при 2 повреди. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад