јуни 12, 2023

Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на ,,Беарс Мото Рок Фестивал 2023”

 
На ден 09.06.2023 и 10.06.2023 на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово се одржа мото фестивал ,,Беарс Мото Рок Фестивал 2023 ‘‘ организиран од страна на Спортското здружение на мотоциклисти мото клуб ,,Мечки‘‘. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. Пет волонтери обучени по прва помош го обезбедуваа настанот, а исто така беа поставени и касички за донации на парични средства кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
 
 
 
 
 
 
< врати се назад