Училишен прибор за деца од социјално ранливи категории
Во период од 29.08 – 02.09.2024 волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово собираа парични средства и училишен прибор за претстојната школска година. Само од полни ранчиња произлегуваат знаења, само од полни срца произлегува хуманост!
Благодарение на многу полни срца, ние, овој септември наполнивме 22 детски ранчиња со училишен прибор, кои ги поделивме на децата од социјално ранливите категории, преку игра и забава во просториите на Црвен крст.
Образованието е клучен момент во градење на личности кои во иднина ќе придонесуваат во општеството. Затоа, Ви благодариме на сите што дониравте и помогнавте 1-ви септември за многу родители и ученици да не биде синоним за грижа, туку синоним за среќа и нови успеси!