
Училишен крос Куманово
На ден 22.04.2026 година, на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово, се реализираше Училишен крос во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово, со учество на околу 600 ученици од основните и средните училишта.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во согласност со својата мисија за унапредување на хуманите вредности и поддршка на заедницата, активно се вклучи во реализацијата на настанот, волонтерите беа ангажирани на терен, при што придонесоа во:
• логистичка поддршка и организација
• координација со учесниците
• поделба на освежителни пијалоци
Со своето присуство и ангажман, волонтерите придонесоа за непречено, безбедно и успешно одвивање на настанот, промовирајќи ги принципите на хуманост, солидарност и волонтеризам.





< врати се назад











































