јули 23, 2024

Учество на тим за одговор при катастрофи во гаснење на пожар на територија на Општина Старо Нагоричане

Повторно на терен, екипи од Црвен крст на РСМ и Општинската организација Куманово учествуваа во поставување на базен со вода заради поуспешно гасење на пожарот кона ден 22.07.2024 година избувна на територијата на Општина Старо Нагоричане. Во непосредна близина на пожарот е поставен базен кој се полни со вода од блиската река Пчиња од кој хеликоптерот црпи вода и на тој начин прави многу повеќе налети и истура значително повеќе вода врз огнените точки отколку кога би летал и полнел вода од најблиската постоечка водена површина.

< врати се назад