ноември 12, 2022

Учество на екипа по прва помош на трка Born 2 Run

На ден 12.11.2022 (сабота) со почеток во 12:00 часот Здружението Центар за интеркултурен дијалог од Куманово организираше трка Born 2 Run на 3 и 10 км. Целта на овој проект е да се сплотат етнички поделените заедници во градот и преку спортски настани да се промовира дух на соживот и меѓусебна доверба.
Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово со своите волонтери обучени по прва помош учествуваше како стручна, техничка и логистичка поддршка на настанот.
Трката помина без посериозни повреди.
< врати се назад