декември 27, 2023

Трибина “Биди Храбра, направи Прав избор, Вакцинирај се”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на проектот “Биди храбра, направи Прав избор, Вакцинирај се” финансиран од Општина Куманово, на ден 27.12.2023 година во просториите на Црвен крст Куманово организираше завршна трибина на која учество зедоа Ивана Георѓиевска- претседател на Совет на Општина Куманово, претставници од Совет на родители, претставници од училишта и заинтересирани граѓани на Општина Куманово. Трибината беше предводена од страна на гинеколог д-р Лидија Јовчевска, каде што преку презентација присутните ја имаа можноста да се запознаат со важноста за навремена превенција од ХП вирусот преку вакцинација. Голема благодарност до сите присутни на овој настан и до Општина Куманово за неизмерна поддршка за успешно спроведување на овој проект.

< врати се назад