
Традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот не поврзува“
Црвен крст Куманово дел од традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“! ![]()
![]()
![]()
Со неверојатна енергија, насмевки и многу позитивна атмосфера, Општинската организација на Црвениот крст Куманово зеде активно учество во осмото издание на традиционалната манифестација „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“ на градскиот плоштад „Нова Југославија“! ![]()
![]()
На настанот организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) во соработка со Општина Куманово
, нашиот тим беше тука да ја даде целосната поддршка на оваа прекрасна иницијатива која преку спортот ги обединува луѓето, промовира здрави животни навики
, солидарност
, соживот и меѓусебна доверба
.
Нашите волонтери и стручни тимови беа на располагање за сите присутни, промовирајќи ја хуманоста
, волонтеризмот
и важни здравствени и превентивни пораки
.
Дружба, енергија и заедништво: Заедно со младите од Младинскиот центар „MultiКулти“
, Територијалната противпожарна единица – Куманово
и стотиците учесници на трките од 3 и 10 километри
, создадовме вистински празник на спортот и хуманоста! ![]()
Спортот навистина нѐ поврзува, а Црвениот крст секогаш останува со срце посветен на поддршката на настани кои градат силни, здрави и хумани заедници! ![]()
![]()



< врати се назад











































