септември 28, 2021

Светски ден на првата помош

Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово на ден 16.09.2021 година (четврток) преку симулациска вежба го одбележа Светскиот ден на првата помош. Оваа година мотото на светскиот ден е „Биди херој во твоето училиште и заедница“.
На Градскиот плоштад во Куманово беше организиран промотивен штанд за реално прикажување на повредите и начинот на ниво санирање со цел да се подигне свеста кај населението за значењето на првата помош како вештина која спасува живот. Црвениот крст редовно работи на активности за едукација на населението во делот на првата помош, а особено на младите. Промотивните штандови се дел од низата активности на Националното друштво во текот на месец септември во насока на афирмација на првата помош.
Биди и ти херој, научи прва помош!
< врати се назад