декември 16, 2019

Стар на втора фаза од Кампањата “Твоето незнаење чини живот”.

Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Куманово од денес 04.12.2019 година официјално ja стартуваша втората фаза од кампањата. “Твоето незнаење чини живот”. Во следниов 3 месечен период целна група ќе бидат родителите чии деца имаат специфични потреби како и млади на возраст од 16-18 години, како потенцијални возачи и активни учесници во сообраќајот.
Под менсторство на Д-р Никола Јосимовски и демонстратор Сања Росевска во Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша” 25 корисници како и родители на децата со вниманиe ја проследија обуката по прва помош. Предавачите изразија задоволство од присуството како и од покажаниот интерес од страна на учесниците за освежување на своите знаења во областа на првата помош.

< врати се назад