декември 30, 2021

Спроведена обука за помош и нега на старите лица и лица со попреченост

 
Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово успешно ја спроведе обуката за посебна програма на Негувател/ка за помош и нега на старите лица и лица со попреченост, во рамките на проектот Проект ,,Ублажување на ефектите и последиците од Ковид -19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе,, поддржан од Австриското Министерство за труд и социјална политика и Австрискиот Црвен крст. Обуката ја следеа 14 лица во период од 2 месеци, со што се здобија со сертификат за давање помош и нега на старите лица и лица со попреченост.
< врати се назад