октомври 26, 2026

Спој на генерации- Уметност дружење и хуманост

🎨 Спој на генерации- Уметност дружење и хуманост ❤️🤝

📅 На ден 17.10.2026 година, волонтери на Црвен крст Куманово ❤️ се приклучија на настанот „Спој на генерации“, кој се одржа во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. 🏡👵👴

🎶🎨 Преку уметност, музика, дружење и заеднички активности, децата од кумановските училишта, како и волонтерите, им приредија убави моменти на корисниците на Домот, создавајќи атмосфера исполнета со насмевки 😊, внимание 💕 и меѓугенерациска солидарност. 🫂🌷

🖼️❤️ Дел од уметничките творби ќе бидат изложени и понудени на хуманитарно наддавање, со цел да се поддржат хуманите вредности и да се поттикне општествената одговорност. 🤲💝

🤝 Со вклучувањето на своите волонтери, Црвен крст Куманово ја потврдува својата посветеност на промовирањето на хуманоста, солидарноста и поврзувањето на генерациите. ❤️🌍

💞 Заедно создаваме општество во кое вниманието, почитта и хуманоста немаат возраст! 👧👦👵👴❤️

< врати се назад