јуни 9, 2023

Симулациона вежба во ООУ „Браќа Миладиновци“ подрачно училиште во с. Пчиња

Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово на ден 09.06.2023 година, спроведе симулациона вежба „Евакуација на ученици, наставен кадар, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“ во ООУ „Браќа Миладиновци“ с. Пчиња. Оваа активност е во склоп на менторската развојна програма каде во текот на месец јуни се спроведе обука за наставниот кадар од училиштето за тоа како да се заштитат и безбедно евакуираат учениците при евентуална катастрофа.
За реализација на вежбата свој придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи со два тима од кој едниот по прва помош, а вториот за пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на оваа вежба е проверка на процедурите за евакуација, обновување на знаење кај наставниот кадар и персоналот како и обука на нови ученици
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+3
 
 
 
< врати се назад