ноември 22, 2023

Работилници – „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Здружение на професионалци – консултанти „Подготвеност за Европа“ и Здружението на пензионери Куманово, во изминатиот период спроведуваше работилници во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“. 
Вкупно беа спроведени 6 работилници, а целта на истите беше зголемување на социјалната вклученост на старите лица (пензионерите) во современиот дигитален свет и на тој начин во нивното активно стареење. 
На работилниците активно учество земаа вкупно 23 учесници, кои по завршување на истите се стекнаа со сертификат. Овие работилници беа проследени во позитивна атмосфера, придружени со голема интеракција од страна на учесниците, кои по завршувањето на истите изразија големо задоволство и благодарност за наученото.
 
 
 
 
 
< врати се назад