мај 9, 2024

Протокол за програмска соработка со Црвен крст Лесковац

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на 09.05.2024 година со Секретарот Ива Младеновска, Претседателот Д-р Нухи Јусуфи и вработен од стручната служба Филип Кузмановски оствари посета на Црвен крст Лесковац –Србија.
Целта на оваа посета беше подобро запознавање со цел потпишување на протокол за програмска соработка помеѓу Црвен крст Куманово и Црвен крст Лесковац. Предмет на договорот за соработка е да се обезбеди координација во делувањето на двете општински организации за реализација на програми и размена на искуства од областа на крводарителството, прва помош, здравствено превентивни активности, социјално хуманитарна дејност, дисеминација на МХП, подготвеност и дејствување при катастрофи при тоа имајќи ги во предвид потребите на ранливите категории на граѓани. 
Во просториите на Црвен крст Лесковац се одржа средба со секретарот, претседателот и вработени од стручната служба, а подоцна се оствари средба и со заменик Градоначаникот на Лесковац и посета на Народни Музеј Лесковац.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад