октомври 8, 2021

Промоција на новото издание на прирачникот по прва помош

По повод Светскиот ден по прва помош, Црвен Крст на РСМ – Општинска Организација Куманово на ден 06.10.2021 под мотото “Биди херој во твоето училиште“, започна со промоција на новото издание на прирачникот по прва помош на наставниот кадар на ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Бајрам Шабани”.
На оваа информативно предавање беше поделен и по еден примерок од прирачникот во училиштата како би се покренала свеста и допринело за зголемување на постоечките знаења и стекнување на нови во областа на првата помош.
< врати се назад