јуни 7, 2024

Програма: Зелен волонтеризам

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово- во рамките на програмата Зелен волонтеризам одржа пет Еко-едукации во основните училишта ,,ООУ Крсте Мисирков“,,ООУ 11 Октомври“ „ООУ Толи Зордумис“„ООУ,,Кочо Рацин“ и подрачно училиште во с.Речица ООУ,,11 Октомври„ каде што беа опфатени ученици од прво, второ и трето одделение.Целта на програмата е нашите еко-едукатори Тамара Бошковска, Ален Милковски,Милена Малиновска и Илина Станковиќ да ги научат малите дечиња на навремена заштита на нашата Планета Земја,оддржување на чиста околина и значењето на рециклација,во текот на целата работилница децата учеа на интересен и креативен начин со нашите еко-едукатори. Во петте училишта беа опфатени околу 100 ученици.

< врати се назад