ноември 14, 2023

Продолжување на кампањата по прва помош под мотото – ,,Првата помош спасува живот‘‘

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во период од 01.09.2023 -15.02.2024 година ќе продолжи да ја спроведува кампањата по прва помош под мотото ,,Првата помош спасува живот‘‘ наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години на територија на Република Северна Македонија. Главна цел на кампањата e да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. 
Општинската организација Куманово во предвидениот период, со кампањата ќе опфати околу 700 ученици и 15 наставници од општинските училишта. До сега спроведени се две обуки, една во ОУ ,,Бајрам Шабани‘‘ и една во ОСТУ ,,Наце Буѓони‘‘ и едуцирани се 295 ученици. 
Продолжуваме понатаму се до исполнување на нашата цел да се опфатат што е можно повеќе младинци кои ќе се стекнат со основните вештини на згрижување и дејствување, затоа што ,,Првата помош спасува живот‘‘.
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад