јули 6, 2026

Превентивна активност на Граничен премин „Табановце“

📅На 01.07.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, учествуваше во летната кампања „Безбедно лето – Вози одморен“ на Граничниот премин „Табановце“.

🚙Настанот беше организиран од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на кој присуствуваа Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Панче Тошковски и Министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ.

⛑️Во рамките на активноста, тимот на ООЦК Куманово на учесниците во сообраќајот им подели информативни материјали за превенција од високите температури, значењето на редовни паузи при возење и внесување доволно течности при патување.

Преку оваа превентивна акција беше упатена порака за одговорно учество во сообраќајот и важноста на заедничката соработка во насока на поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Tags: , , ,
< врати се назад