јули 21, 2022

Препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран

Од 14.07 – 21.07.2022 година од страна на волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово и Клубот на Млади, на Градскиот плоштад и централното градско подрачје беа поделени 320 мали шишиња со вода кои беа добиени како претходна донација. 💧Целта на оваа акција беше да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури, и им се укажуваше на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје. Оваа акција се планира да продолжи и во текот на наредниот период додека траат високите температури.

< врати се назад