
Посета од Црвен крст Драч, Р.Албанија
Во рамки на воспоставената партнерска соработка помеѓу Општинската организација на Црвен крст Куманово и Општинската организација на Црвен крст Драч, Р.Албанија во периодот од 3 до 5 октомври 2025 година, се реализираше посета на делегација од Црвен крст Драч во Куманово. Во текот на посетата беа презентирани активностите, програмите и проектите кои ги реализираат двете организации, со посебен осврт на соработката во областа на младинската работа, социјалната поддршка и активностите во служба на заедницата.
Средбата овозможи размена на искуства, идеи и добри практики во насока на унапредување на понатамошната меѓусебна соработка. Го посетивме и училишниот клуб на Црвен крст Куманово во ООУ,, Христијан Карпош” во кој што се одвиваа активности по повод Недела на млади, а волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Куманово во нашите простории организираа тим билдинг работилница за зајакнување на нашата соработка. Воедно остваривме и посета на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што претставниците од Црвен крст Драч имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство и значењето на местото за историјата на нашата држава.
Црвен крст Куманово изразува благодарност до партнерите од Црвен крст Драч за посетата, за пријателството и за континуираната соработка, со надеж за идни заеднички активности и проекти кои ќе придонесат за понатамошно зајакнување на регионалната соработка и хуманитарните вредности.











































