![](https://crvenkrst-kumanovo.org.mk/wp-content/uploads/2022/08/293989831_3819096748213949_5848651864371858511_n-1000x560.jpg)
јули 18, 2022
Показна вежба по прва помош “Безбедно лето“
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 15.07.2022 година (петок) заедно со СВР Куманово учествуваше на настанот “Безбедно лето“
Воедно како Црвен крст ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при сообраќајни незгоди за време на летниот период и свесноста за одговорно возење и носење на кацига.
На Градскиот плоштад во Куманово, екипата по прва помош од Општинската организација Куманово изведе 4 вежби и тоа правилно остранување на кацига, затворена скршеница на подлактица, убодна рана со страно тело и повреда на глуждот (скочен зглоб)