февруари 5, 2021

Показна вежба по прва помош

Во соработка со СВР Куманово на 05.02.2021 (петок) во 12 часот на Градскиот плоштад во Куманово се одржа показна вежба по прва помош. Волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст на РСМ-општинска организација Куманово им помагаа на возачите да укажат прва помош при сообраќајна несреќа. Припадниците на СВР стопираа возила, а потоа возачите укажуваа прва помош на повредено лице. Обучени волонтерите од Црвениот крст беа тука да им помогнат односно покажат на возачите како правилно треба да се санира повредата и да се помогне на повредено лице при сообраќајна несреќа. Воедно настанот го искористивме да се промовираме, дека Црвениот крст на РСМ е единствена овластена организација која во моментот ја спроведува обуката по прва помош за кандидати за возачи.

< врати се назад