декември 21, 2019

Показна вежба по прва помош на повредени лица од користење на пиротехнички средства

Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово вчера 20.12.2019 год. во соработка со секторот за превенција при СВР Куманово, во спортската сала на ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Крсте П. Мисирков” пред учениците и наставниците одржаа показна вежба за правилно укажување на прва помош на повредени лица од користење на пиротехнички средства. Целта на вежбата беше да се подигне јавната свест за последиците од недозволео користење и пуштање во употреба на недозволени пиротехнички и распрскуваки материјали.

< врати се назад