декември 27, 2022

Подари пакетче, подари насмевка и радост на детските лица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во пресрет на Новогодишните празници и оваа година ги израдува децата- корисници на Дневниот центар за лица со посебни потреби Куманово.
Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово на ден 27.12.2022 година дистрибуираa 20-тина новогодишни пакетчиња измамувајќи насмевки и радост на детските лица.
< врати се назад