декември 26, 2023

Подари пакетче, подари насмевка и радост на детските лица

Од страна на Комисија за млади, култура и спорт на ИПА Регион Куманово, на ден 26.12.2023 година беше организирана Хуманитарна акција за донирање на новогодишни пакетчиња на посетители на Дневниот центар за лица со посебни потреби. 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово се приклучи на акцијата и заедно со членовите од ИПА Регион Куманово дистрибуираa 30-тина новогодишни пакетчиња измамувајќи насмевки и радост на детските лица.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад