март 24, 2022

ПХВ работилници

💯Во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) на ден 🗓18 и 22.03.2022 година во просториите Црвен крст на РСМ-општинска организација Куманово се одржаа првите две работилници за 👫 ученици од 14 – 17 годишна возраст на македонски и албански наставен јазик.
👩‍🎓На работилниците вкупно присуствуваа 42 ученици, потенцијални нови волонтери од основните и средните училишта од градот и истите имаа можност да се запознаат со историјата и активностите на Црвениот крст, принципите и амблемите, како и за работата на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово.💯
< врати се назад