октомври 25, 2022

ПАРТНЕР КЛУБОВИ

На ден 22.10.2022 (сабота) со почеток од 12:00ч во Куманово се одржа првата средба со партнер клубови на Општинските организации на Црвен крст Куманово, Кочани и Пробиштип.

Агендата се состоеше од три дела каде што првиот дел беше запознавање со волонтерите и кратка сесија проследена со дискусија за капацитети на волонтери и работа во клубот на млади во секоја општинска. Преку сесијата всушност добивме претстава како сите на скоро ист начин ги регрутираме волонтерите и дојдовме до заклучок дека младите сакаат да учат прва помош, да изработуваат проекти преку ПХВ програмата и дека најчесто младите се приклучуваат преку училишните клубови. Потоа зборувавме со колку обучени врснички едукатори располагаме како и кои активности најчесто се прават во еден клуб на млади. Како за крај на сесијата волонтерите беа поделени во неколку групи и сите имаа задача да изработат на флипчарт импровизирана агенда со која што всушност самите тие даваат идеја и иницијатива што би сакале да се реализира на следната средба. Вториот дел за цел имаше да ги зближи волонтерите преку игри па така изнајмивме простор наменет за таква цел. Просторот беше опремен со компјутери, плеј стејшн, билијарда, пинг-понг маса и целото попладне го поминавме баш таму.

            Последните неколку часа ги поминавме на кафе, односно тоа беше третиот дел од агендата – кафе дружба  пред да се стави крај на еден убав ден се до следното видување. Како знак за благодарност за посетата и дружбата во Куманово им поделивме мали картички во вид на благодарница заедно со мали чоколади.

< врати се назад