јуни 4, 2021

Отпочна процесот на масовна вакцинација и во Куманово

На ден 03.05.2021 година, 12 волонтери од општинската организација на Црвен крст Куманово присуствуваа на коодинативната средба пред почетокот на утрешната масовна имунизација на населението која ќе се одржи во 6 регионални центри во Република Македонија меѓу кои и во салата на СОУ “Перо Наков” – албански паралелки во населбата Бедиње во Куманово. Волонтерите во две смени ќе пружаат логистичка помош и поддршка на луѓето и медицинскиот персонал за непречено спроведување на целиот процес на масовната имунизација.

< врати се назад