февруари 1, 2024

Ораторска вечер “Уметноста преку волонтирање’’

На ден 31.01.2024 година (среда) со почеток од 19:00 часот во просториите на Центар за култура “Трајко Прокопиев’’ се одржа ораторска вечер насловена “Уметноста преку волонтирање’’ организирана од млади волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово. Инспирацијата за самата тема беа токму волонтерите на Црвен крст Куманово, но и граѓаните на Општина Куманово како луѓе кои носат многу хуманост во себе и секогаш се спремни да ја спојат уметноста со хуманитарна работа доколку тоа е потребно. 
На ораторската вечер учество зедоа 13 волонтери-претставници од Општинските организации на Црвен крст Куманово, Црвен крст Пробиштип, Црвен крст Битола, Црвен крст Гостивар, Црвен крст Струмица и Црвен крст Виница. Веруваме дека тринаесетте волонтери предизвикаа многу емоции кај публиката, а со сигурност можеме да кажеме дека преку нивните говори беа нечија мотивација и инспирација да започнат со волонтирање и со хуманата работа.
Истата вечер беа одберени трите најдобри говори од страна комисија составена од три члена, професори по македонски литературен јазик: Мила Пешевска, Ангела Петковска и Ана Манасиевска. 
❤️ I место – Ивана Гошева ООЦК Виница 
❤️ II место – Ален Милковски ООЦК Куманово 
❤️ III место – Сара Ѓоргиевска ООЦК Битола 
Останатите десет говори беа изведени од страна на:
1. Анамарија Ристевска ООЦК Битола
2. Нина Стефановска ООЦК Битола
3. Јована Ристова ООЦК Струмица
4. Ангела Витанова ООЦК Струмица
5. Александра Манушева ООЦК Струмица
6. Андреа Јовановска ООЦК Струмица
7. Александра Коцеска ООЦК Гостивар
8. Јована Дабевска ООЦК Гостивар
9. Ивона Рајиќ ООЦК Пробиштип
10. Ана Арсова ООЦК Виница
Честитки до сите учесници, благодариме на сите кои што зедоа учество на оваа ораторска вечер и до сите кои што помогнаа успешно да се реализиран настанот, се надеваме на повторно видување следната година.🤗
“Волонтирање според дефиниција е давање на свое слободно време за помош на некому без никаков мотив за материјална добивка, но ние волонтерите имаме друга верзија на дефиницијата за волонтирањето. Волонтирање не е само да одиш, да извршиш и реализираш некоја активност и таму да застане твојата волонтерска дејност. Ние кога волонтираме се стекнуваме со можноста да станеме добри луѓе со широко-отворени срца. Ја имаме можноста да се запознаеме со предизвиците кои им се поставени на луѓето ширум светот, ја имаме можноста да бидеме нечиј спасител или јунак во вистинска смисла на зборот. Ние сме оние лица облечени во црвена униформа кои даваат сѐ од себе за нечие подобро утре.“ – Клуб на млади Куманово ⛑️❤️
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад