април 26, 2024
Општински натпревар по прва помош 2024 година
Според календарот на традиционални манифестации на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, на 26 – ти април 2024 година, на Градскиот плоштад во Куманово се одржа Општински натпревар по прва помош во категорија подмладок и млади.
На натпреварот учество земаа вкупно 13 екипи од кои 5 екипи од средните училишта од Куманово: ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ‘‘, СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев‘‘, СОУ Гимназија ,,Сами Фрашери‘‘, СОУ ,,Перо Наков‘‘ и екипа од Клуб на млади од ООЦК Куманово и 8 екипи од основните општински училишта од Куманово: ООУ ,,Толи Зордумис‘‘, ООУ ,,Браќа Миладиновци‘‘, ООУ ,,Кочо Рацин‘‘, ООУ ,,Христијан Карпош‘‘, ООУ ,,Бајрам Шабани‘‘, ООУ ,,Крсте Мисирков‘‘, ООУ ,,Вук Караџиќ‘‘ и ООУ ,,Магдалена Антова‘‘.
Натпреварот се одвиваше на 3 траектории со по 3 повреди, катче за освежување и одмор, работно место дисеминација и работно место за забавни игри .
Екипата од Клубот на млади при Црвен крст Куманово во категорија млади се покажа како најуспешна и го освои првото место. Второ место во категорија млади го добија екипите од СОУ”Перо Наков” и ДСУ-РЦСОО “Киро Бурназ, а трето место Гимназија “Гоце Делчев”.
Во категорија подмладок прво место го освои екипата од ООУ”Христијан Карпош”, второ место екипа од ООУ”Крсте Мисирков” и трето место ООУ”Браќа Миладиновци”.
Во областа на дисеминацијата во категорија младина прво место го освои екипата од Клубот на млади Куманово, втор место Гимназија “Гоце Делчев” и трето место ДСУ-РЦСОО “Киро Бурназ.
Во категорија подмладок прво место го освоија екипите од ООУ”Христијан Карпош” и ООУ”Бајрам Шабани”, второ место го освои ООУ”Крсте Мисирков” и трето место ООУ”Кочо Рацин.
На првопласираните екипи и од двете категории им беше доделен пехар и дипломи, како и дипломи и пехари за второ и трето место, а на останатите екипи благодарници за учество на натпреварот. Младите волонтери дадоа сопствен придонес за поуспешна реализација на натпреварот кој се одвиваше вопријатна атмосфера и натпреварувачки дух. Екипите ги покажаа своите знаења за правилно укажување на прва помош во несакани ситуации и знаењата од областа на дисеминација.
Благодарност и до предавачите и демонстраторите по прва помош кои беа судии на натпреварот и придонесоа за фер и праведно оценување на екипите, како и дисеминаторите кои го оценија знаењето за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Првопласираната екипа ќе земе учество на Регионалниот натпревар по прва помош што ќе се одржи на 12-ти мај 2024 година во Општина Гази Баба во Скопје.