мај 29, 2023

Општински натпревар по прва помош 2023 година

 
Според календарот на традиционални манифестации на Црвениот крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, на 29- ти мај 2023 година, на Градскиот плоштад во Куманово одржа Општински натпревар по прва помош во категорија подмладок и млади.
На натпреварот учество земаа вкупно 11 екипи од кои 6 екипи од средните училишта од Куманово (ДСУ РЦСОО Киро Бурназ, ОСТУ Наце Буѓони, Гимназија Гоце Делчев, ОСТУ Наце Буѓони- албански паралелки, Гимназија Сами Фрашери и екипа од Клуб на млади од ООЦК Куманово и 5 екипи од основните училишта од Куманово (ООУ Толи Зордумис, ООУ, Браќа Миладиновци, ООУ Кочо Рацин, ООУ Христијан Карпош и ООУ Бајрам Шабани).
Натпреварот се одвиваше на 3 траектории со по 3 повреди, пункт за дисиминација и забавен пункт. Екипата од Клубот на млади во категорија млади се покажа како најуспешна и го освои првото место, додека во категорија подмладок првото место го освои екипата од ООУ Браќа Миладоновци.
На првопласираните екипи и од двете категории им беше доделен пехар и дипломи, како и дипломи и пехари за второ и трето место, а на останатите екипи благодарници за учество на натпреварот. Младите волонтери дадоа сопствен придонес за поуспешна реализација на натпреварот кој се одвиваше во натпреварувачки дух каде екипите ги покажаа своите знаења за правилно укажување на прва помош и дисеминација. Благодарност и до предавачите и демонстраторите по прва помош кои беа судии на натпреварот и придонесоа за фер и праведно оценување на екипите, како и дисеминаторите кои го оценија знаењето за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Првопласираната екипа по прва помош од Клубот на млади ќе земе учество на Државниот наптревар по прва помош што ќе се одржи во септември 2023 година.
< врати се назад