февруари 23, 2024

Одржани третите ЦКА-ПХВ работилници

Во рамките на циклусот ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) на ден 16.02.2024 и 19.02.2024 во просториите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово се одржаа и третите финални работилници за ученици од 13-17 годишна возраст на македонски и албански наставен јазик од страна на овогодинешните ПХВ дисеминатори Никол Ѓорѓевска и Ајлинд Џемаили.  На овие работилници младите научија повеќе за документирање на малите проекти. Во текот на наредните два месеци младите ќе изработуваат проекти за добробит на заедницата, ќе промовираат хумани вредности, различности, мир, толеранција и соживот. Тие ќе ја променат својата дневна рутина, ќе поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, но и ќе имаат можност за тимска работа со цел изработка на малите проекти.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад