септември 26, 2023

Одбележување на ПХВ недела

На ден 25.09.2023 година во просториите на Занаетчиски Дом Куманово, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово организираше настан со цел да ја одбележи ПХВ неделата која традиционално се одбележува секоја година од 21ви до 27ми септември, а која има за цел промоција на мир, толеранција, соживот и ненaсилство. Оваа година Црвен крст Куманово организираше трибина на која се зборуваше за булингот, за насилството во училиштето, видливо и скриено, како и се стави акцент на постоење на истото и начините на кои може да се превенира, стопира и изолира. 
На трибината се вклучија ученици, родители и наставници, а истата ја водеше психологот Дивна Јанкова која одржа кратка презентација на оваа тема, а потоа одржа и дискусија на која се вклучија и неколку ученици да поделат свое искуство и мислење. На трибината со своја проза напишана на оваа тема излезе нашиот долгогодишен волонтер Ален Милковски чии зборови никого не оставија рамнодушен. 
Воедно, овој настан покрај за подигнување на свеста за булингот и насилството во училиштата, се искористи и за доделување на благодарниците на младинците кои учествуваа на годинешниот ЦКА-ПХВ циклус, а сите присутни ја имаа можноста да ги погледнат и кратките филмови од изработените проекти.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад