март 1, 2021

Одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово ја одбележа неделата на борба против срцевосадови заболувања која траеше од 21 до 28 февруари. Волонтерите по овој повод организираа неколку активности. Гледање на едукативно видео за функција и градба на срцето каде присутните волонтери имаа задача да ги означат деловите на сликата. Се одржа едукативно предавање за факти на кардиоваскуларни заболувања, причини и фактори, превенција, како и 5 најчести болести на срце. Имаше вежба каде секој до волонтерите си го мереше пулсот во мирување како и после кратка физичка активност. Целта на овие активности беше да се подигне свеста за за сериозноста на болестите на кардио-васкуларниот систем, како и едукација околу наједноставните начини на превенција кои треба да ги усвоиме како навики во секојдневното живеење.

< врати се назад