февруари 26, 2023

Одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово ја одбележа неделата на борба против срцевосадови заболувања која трае од 21- 28 февруари 2023 година, под мотото: “Здраво срце, среќно срце”
Во склоп на неделата Црвен крст на РСМ – општинска организација Куманово организираше 5 едукативни предавања од кои 4 за ученици од средните училишта и едно предавање во Здружение на пензионери Куманово. На присутните пензионери им беше извршено мерен на шеќер во крвта и крвен притисок. Предавањета ги одржа Д-р Елена Николиќ, а присутни беа вкупно 114 учесници.
Целта на овие активности беше да се подигне свеста за сериозноста на болестите на кардио-васкуларниот систем, како и едукација околу наједноставните начини на превенција кои треба да ги усвоиме како навики во секојдневното живеење, и тоа како нездравата исхрана, физичката неактивност, употребата на алкохол и тутун како и стресот се едни од најважните фактори за ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.
< врати се назад