октомври 6, 2023

Одбележување на Недела на млади

По повод Недела на млади 1–7 октомври која се одбележува традиционално секоја година во рамките на Црвениот крст, Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово организираше отворени денови за средните и основните училишта со цел промоција на работата на Клубот на млади, како и позитивните страни од волонтирањето. За основните училишта отворениот ден беше организиран на 05.10.2023 година во просториите на Црвен крст Куманово, а за средните училишта на 06.10.2023 година. 
🤍Отворените денови беа организирани наликум на “Escape room”, каде што идејата беше учениците во различни простории да се запознаваат со различни активности на Клубот на младите, а на самиот влез пред зградата, и двата дена, имаше поставено штанд, каде што неколку волонтери ги пречекуваа учениците, ги послужуваа со пијалок и слатко од штандот и играа кратка игра за запознавање, а потоа придружени со водич – волонер се упатуваа во просториите на Црвен крст каде ја започнуваа својата „прошетка“. По завршување на посетата, учениците имаа можност да поставуваат прашања, да дадат свои мислења, а на самиот крај им беа поделени формулари за зачленување на оние кои одлучија да станат волонтери на Црвениот крст. На настанот присуствуваа вкупно 80 ученици.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад