ноември 21, 2022

Одбележување на ,,Недела на грижа на старите лица’’

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово согласно Календарот на традиционалните активности на Црвениот крст од 14 до 20 ноември 2022 година ја одбележа Неделата на грижа на старите лица, под мото ,,Сите сме нивни деца”.
Во рамки на Неделата, општинската организација Куманово организираше активности за постарите граѓани со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош.
По тој повод во текот на неделата општинска организација на Црвен крст Куманово со своите волонтери и Негователи за помош и нега на старите лица реализираа низа интересни активности со корисниците од Дом за стари лица ,,Зафир Сајто‘‘ Куманово и тоа: мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, прошетка во градскиот парк и дружење преку спортски игри, фризерски услуги и заедничка дружба во слаткарница Јулија во Куманово.
На 21.11.2022 година во соработка со Здружанието на пензионери од Куманово, беше реализирана тематска работилница каде од страна на социјален работник од Центарот за социјални работи од Куманово како и доктор беа презентирани теми од интерес на нашите слушатели. Опфатени беа теми од законот за социјална заштита, правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на жививеење и здраво стареење. На присутните исто така им беше мерен шеќер во крвта, крвен притисок и беше одржано едукативно предавање за здраво стареење со корисни совети од страна на доктор.
< врати се назад