мај 12, 2023
Одбележување на Генералка викенд во Куманово
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово и оваа година со екипа по прва помош се приклучи на акцијата Генералка викенд. Целта на акцијата беше да се исчистат локациите околу општинските училишта СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и СОУ „Перо Наков“ Куманово. Во самата акција учествуваа и ученици од наведените училишта, како и општинската администрација и екипи на ЈП Чистота и зеленило, а акцијата продолжи и со расчистување на дивите депонии со механизација на повеќе локации од страна на ЈП Чистота и зеленило.
Исто така акцијата беше реализирана и во Општина Липково на која се приклучија учениците од ООУ Фаик Коница- с. Слупчане, ООУ Дитурија- с Липково, ООУ Рилиндја- с. Лојане и Општина Липково.